EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Шведска победник на Евровизија, историја и втор трофеј за Лорин

Шведската претставничка Лорин победи по втор пат на Евровизија. Нејзината песна „Тетоважа“ ја разбуди цела Европа, исто како и песната „Еуфорија“ во 2012 година во Баку.

Откако беше објавено која е кандидатката на Шведска за овогодинешниот натпревар, обложувалниците веднаш ја ставија на прво место, па може да се каже дека нејзината победа беше очекувана.

Лорин влезе во историјата на Евровизија како првата жена која успеала двапати да победи на ова натпреварување и со се израмни со Ирецот Џони Логан, кој две победи како пејач, во 1980 година со песната „What’s Another Year“ и во 1987 година, со „Hold Me Now“.

Лорин е родена во 1983 година во Стокхолм како Лорин Зинеб Нора Талхауи, во конзервативно муслиманско семејство кое емигрирало од Мароко. Уште од мала знаела дека сака да се занимава со музика.

Публиката во Шведска првпат слушна за неа во 2004 година на нивниот „Идол“ кога заврши на четвртото место и оттогаш нејзината кариера оди во нагорна патека.

Таа се пријави на Мелодифестивален 2011 (шведскиот национален натпревар за песна на Евровизија), но не постигна забележителни резултати. Сепак, следната година таа победи со песната „Еуфорија“, која подоцна беше најдобра песна на Евровизија.

Лорин често беше мета на несогласување кога ги поддржуваше жените кои не ги бричат ​​пазувите, кога ја потстрижуваше косата ќелава и кога излегуваше како бисексуалка. Сепак, таа подоцна објави дека има момче.

По објавувањето на победата таа се обрати пред присутните велејќи дека е голема чест што повторно го држи пехарот.

„Ви благодарам, ова е за сите вас, ве сакам“, емотивна беше Лорин за време на своето обраќање до публиката и сите кои го следеа музичкото натпреварување.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

На кои дигитални правила треба да се придржувате доколку сте во врска

Angela

Плогинг: Овој фитнес тренинг во Шведска е апсолутен хит!

Angela

Неделен хороскоп – еден знак ги меша работата и приватниот живот, а овој знак особено да внимава на кого му верува!

Angela