Иако не толку очигледен, европскиот хумор отсекогаш бил многу подобар од американскиот. Тој е толку вешто вткаен низ животните сцени речиси во секој кадар, па ако не сте доволно внимателни, може да ви избега – но тоа е неговиот шарм. Колку е посуптилен хуморот, толку е посмешен, а Шпанците се најдобри во тоа. Овој пат Алмодовар не е на списокот, туку тоа е листа од нови филмови што допрва ќе станат класици.
„Шпанска афера“
Иако овој филм беше објавен пред само седум години, тој веќе стана еден од култните шпански филмови. Неговата сурова духовитост го става на списокот на најдобри шпански комедии (дури и пред „Жените на работ на нервен слом“). Тој го следи Рафа, типичен севилјчанец, кој се вљубува во Амаја, која потекнува од Баскија. Баскија со години се обидува да добие независност, а сцените во кои Рафа се обидува да „помине“ како Баскиец за да му угоди на таткото на Амаја навистина ќе ве насмеат до солзи. Кога овој филм ќе заврши, задолжително погледнете го вториот дел, кој ги сместува Амаја и Рафа во срцето на Каталонија (во време кога таа исто така се бори за независност).
„Надвор од курсот“
Веројатно ги познавате главните актери на овој филм ако сте ја гледале серијата „Ел Интернадо“ или „Чикас дел кабел“. Акцијата не се заснова на еден вистински настан – туку на илјадници од нив. Всушност, на младите што бараат подобар живот преку границата. Двајца момци, кои беа уморни од тоа да се без работа, решија да ги спакуваат куферите и да одат на печалба во Германија.
„Ток Ток“
Сите имаме мали опсесивно-компулсивни нарушувања, само кај некои од нас не се баш мали. Група од шест лица закажува состанок со добро познат лекар што специјализиран за опсесивно-компулсивни нарушувања. Сите се наоѓаат во неговата канцеларија и бидејќи нема лекар, мора да си помогнат на многу комичен, опсесивно-компулсивен начин.