EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА

Што ги привлекува зрелите мажи?

Мажите се многу полоши од жените кога станува збор за лажно претставување во виртуелниот свет.

Околу 40% од мажите лажат дека заработуваат повеќе отколку што навистина заработуваат, а истото го прават и околу 33% од жените, покажа истражувањето на веб-страницата beautifulpeople.com спроведено на 1.000 испитаници.

Лажењето на интернет е најраспространето на страниците за запознавање и дружење, а најчесто се лаже за висината, тежината и возраста.

Жените најчесто лажат дека се послаби, а мажите дека заработуваат повеќе, а истражувањето покажа дека повеќето луѓе најчесто веруваат во тие лаги.

„Интернет страниците за запознавање се преполни со луѓе кои невистинито се претставуваат за да привлечат повеќе внимание и пораки од другите“, вели Грег Хоџ, сопственик на beautifulpeople.com.

Тој вели дека клиентите често реагираат дека договориле состанок преку страницата и мажите кои очекувале висока убавица сретнале „буцка“, а жените кои чекале бизнисмен, добиле „клошар“. Токму поради тоа првиот состанок најчесто е и последен.

„Кога сите помалку би лажеле на интернет, сајбер светот би бил поверодостојно место за запознавање“, вели Хоџ.

Топ 10 лаги што мажите ги кажуваат на интернет

Дека имаат подобра работа

Дека се повисоки

Дека се послаби/подебели

Дека се помускулести

Дека добро заработуваат

Дека добро се облекуваат

Дека работното место им е интересно

Дека имаат факултетска диплома

Дека познаваат славни или угледни луѓе

Дека се отворени и комуникативни

Топ 10 лаги што жените ги кажуваат на интернет

Дека се послаби

Дека се помлади

Дека се „затегнати“

Дека се повисоки

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Jасни знаци дека мажот не ве почитува

Angela

Покана на Мадона до Бритни Спирс за легендарно обединување на сцената

Angela

Која е вистината, зошто дел од жените носат прстен на ланче

Angela