EXCLUSIVE MK
Занимливости НАСЛОВНА

Што значи кога снег паѓа во април? Еве какво време нè очекува според народните верувања

По една недела одбележана со пролетни температури, Македонија побеле. Во април не се случува толку често да паѓа снег, но кога го има постои силна симболика.

Според народното верување, ненадејната промена на времето е предупредување од природата за луѓето да внимаваат на нивното однесување, но и да ги решат дилемите кои долго време ги мачат.

Како што се верува, пролетта е олицетворение на ново будење на природата, повторно раѓање и постигнување хармонија, а доколку тоа не се случи, природата не’ предупредува да внимаваме на нашето однесување и да почнеме да живееме во хармонија со природата, едни со други и со самите себе.

Еве каква година, според народните верувања, не’ очекува врз основа на метеоролошките услови во април:

  • Ако април е убав, мај ќе биде грд.
  • Априлскиот дожд е благослов, во мај е уште подобар.
  • Април со дожд, мај расцветан.
  • Влажен април, сув јуни. Сув април, влажен јуни.
  • Ведрите ноќи во април се лоши и за овошјето и за виното.
  • По априлските грмотевици повеќе нема мраз.
  • Колку е потивок и поубав април, толку е полут и побесен Мај.

Како што се верува, снегот во април нè потсетува да го решиме она што не сме го направиле претходните месеци, а што нè спречувало да продолжиме понатаму. Ако го направите ова, среќата и просперитетот ќе ве следат во месеците што доаѓаат.

Исто така, овој период е добар да започнете нешто ново, бидејќи тоа ќе роди со плод.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Пандев распали по раководството на ФФМ: Сите чекавме промени после срамот во Англија

Angela

После нејзиниот роденден имале секс, па заспале, кога таа подоцна се свртела веќе не дишел – љубовницата на Видоје побегнала од станот!

Angela

ДЕНЕСКА Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: За оваа вода се верува дека е лековита, помолете се на овој светец и сите желби ќе ви станат реалност

Angela