EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина

Што треба, а што никако не смеете да правите ако ве касне змија?

Што се однесува до брзината на реакцијата при гризнувањето на змија отровница, клучниот збор е „брзо“. Дури и каснувањето од многу отровни змии, какви што не постојат во Европа, може да се преживее со соодветна медицинска нега со релативно мали последици.

На нашите подрачја живеат неколку видови змии, од кои три се отровни – поскок, шарка и остроглава шарка, додека останатите се безопасни. Овие три отровници се помалку отровни од африканските или азиските змии, како што се кобрата или црната мамба, па нивниот загриз ретко кога е смртоносен. Поскокот е поотровен од останатите. Поскокот важи за најопасна змија во Македонија и цела Европа поради големината, долгите заби (до 13 мм) и јачината на отровот. Шарка – змија отровница од родот шарки (vipera) е многу распространета во светот, вклучувајќи ја Македонија. Отровот го вбризгува со каснување, преку жлебот на отровниот заб. Делува бавно и не е многу силен, но сепак, може да усмрти и човек. Остроглавата шарка во Македонија се среќава во северниот и североисточниот дел на земјата.

Што да направите ако ве касне змија?

Опасни се само каснувањата од отровни змии. Поскокот е многу отровен и некои каснувања, особено ако не се лекуваат, можат да завршати и со смрт. Отровите на нашите змии се претежно хемотоксични – тие директно ги уништуваат ткивата и предизвикуваат нарушувања на циркулацијата на крвта. Првите симптоми по каснувањето се болка од убодот на забите и отекување. Тоа набрзо се шири од местото на загризот и може да ја зафати целата рака или нога. Подоцна доаѓа до модринки, несвестица, повраќање, а понекогаш и „пецкање“ на местата оддалечени од каснувањето. Ако набрзо по загризот се појави несвестица, забрзано чукање на срцето, отекување на усните, на подрачјата околу очите или дури и гушење, повредениот треба веднаш да се префрли во најблиската болница. Всушност, многу научници и лекари се согласуваат дека вистинската опасност од отровот на змијата лежи во неговата алергичност. Алергиската реакција може да усмрти човек побрзо отколку самата токсичност. Статистички, околу 1/3 од каснувањата на змиите отровници се т.н суви каснувања, односно отровниците не вбризгнуваат отров. Ќе знаете по отокот. Ако се појави рана покрај отокот, однесете го повредениот директно во болница.

Често може да се прочита дека раната треба да се засече и да се исцица. Сосема погрешно! Засекувањето на гризнатото место само ја влошува состојбата. Алкохолот ги шири крвните садови и само го забрзува ширењето на отровот. Не пијте никаков алкохол по каснувањето од змија, дури ниту за храброст!

Што се однесува до брзината на реакцијата при гризнувањето на змија отровница, клучниот збор е „брзо“. Дури и каснувањето од многу отровни змии, какви што не постојат во Европа, може да се преживее со соодветна медицинска нега со релативно мали последици.
Како да препознаете рана од каснување од змија
На местото на гризнувањето (раната) се гледаат две дупчиња од змиски заби. Понекогаш постои само една раничка. Самите загризни рани не мора секогаш да значат дека змијата го вбризгала и отровот во жртвата. Кај дури 22 отсто од докажаните каснувања од змија (рани) немало знаци на труење.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Овие намирници се ЗАБРАНЕТИ за лицата кои имаат проблеми со срце и висок притисок

Angela

Само еден остров во Европа во зелената зона на новата Ковид мапа

Angela

Омилена храна на светските лидери

Angela