EXCLUSIVE MK
Останато СПОРТ

Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на Ју-Ес опен во Њујорк

Новак Ѓоковиќ е првиот полуфиналист на Ју-Ес опен, статус кој го стекна со вечерашната победа над Американецот (9) Тејлор Фриц во три сета. Тоа не само што го остави на вистинскиот пат до уште еден голем пехар, туку и го направи нов рекордер по број на полуфиналиња на грен-слемите.

На Вимблдон се изедначи, а вечерва го надмина Роџер Федерер, кој застана на 46 полуфиналиња во кариерата. Ѓоковиќ в петок ќе заигра на 47. во кариерата и 13. на Ју-Ес опен. Трет на таа листа е Рафаел Надал со 38 полуфиналиња.

Тројниот победник во Њујорк ја продолжи беспрекорната серија натпревари со Фриц и дојде до осум од осум, овој пат со 6-1, 6-4, 6-4, за два часа и 40 минути на „Артур Еш“ стадионот. В петок, за место во финалето ќе игра со уште еден Американец, но прашањето е дали со (10) Френсис Тијафо или со изненадувањето Бен Шелтон. Тие се среќаваат нутрово, по полноќ.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Премиер-лигата ја претстави новата топка за зимската сезона (ФОТО)

Angela

Пандев распали по раководството на ФФМ: Сите чекавме промени после срамот во Англија

Angela

Руне покажа дека е голем талент, но Ѓоковиќ е најголемиот во светскиот тенис

Angela