Photo: twitter.com/AustralianOpen
Новак Ѓоковиќ уште еднаш беше главна ѕвезда на натпревар на Црвена Звезда во кошаркарската Евролига, а за него тоа значи соочување и со голем број фанови во салата.
Сосема очекувано, на секоја пауза на средбата, фановите сакале да се поздрават или фотографираат со успешниот тенисер, а Ѓоковиќ направи и интересен потег по средбата со група помлади фанови.
Камерите забележаа дека Ѓоковиќ му подари 100 евра на едно од момчињата кои му пријдоа, а медиумите тврдат дека имал посебен повод за овој потег.
Верзијата на медиумите е дека истото момче ја пронашло кредитната картичка на Ѓоковиќ пред салата и веднаш му ја вратило на тениската ѕвезда, па Новак решил да се заблагодари на ваков начин.
Frenzy over Novak at halftime. #Djokovic pic.twitter.com/OEUnMuqkaX
— Saša Ozmo (@ozmo_sasa) March 29, 2023