EXCLUSIVE MK
Кошарка НАСЛОВНА СПОРТ

Ѕверска партија на Јанис против Лејкерси

Актуениот шампион Милвоки бакс со 109:102 го совлада ЛА Лејкерси благодарение на фантастичната партија на Јанис Адетокумпо.

 

Првата ѕвезда на Милвоки натпреварот го заврши со 47 поени и девет скокови. Јанис голема помош имаше од Боби Портис кој даде 17 поени и Пет Конатон и Крис Мидлтон со по 16 поени. Овие четворица кошаркари постигнаа 96 од вкупно 109 поени за Милвоки кој има скор од 7-8.

 

Кај ЛА Лејкерс кои имаат половичен скор од по осум победи и порази, се истакнаа Тејлен Хортон-Такер со 25 поени и 12 скокови и Расел Вестбрук со 19 поени и 15 асистенции.

Бруклин нетс на крилјата на Џејмс Харден и неговите 27 поени и 10 скокови го совлада Кливленд кавалирс со 109:99. Ламаркус Олдриџ беше одличен со 24 поени, а еден помалку даде Кевин Дурент за Бруклин кој ја оствари 11 победа во 16 натпревар.

Џими Батлер доминираше во победата на Мајами хит ос 113:98 над Њу Орлеанс пеликанс. Батлер оствари трипл-дабл од 31 поен и по 10 скокови и асистенции, додека Тајлер Хироу придонесе во триумфот со 19 поени.

Портланд во Орегон го совлада ослабениот Чикаго булс со 112:107. Кај „биковите“ не настапи Никола Вучевиќ бидејќи е позитивен на коронавирус.
Демиен Лилард го предводеше Портланд со 22 поени и 10 асистецнии, додека кај Чикаго се истакнаа Зек Лавин со 30 поени и Демар Дерозан со 22 поени.

Резултати:
Шарлот – Вашингтон 97:87
Детроит – Индијана 97:89
Атланта – Бостон 110:99
Бруклин – Кливленд 109:99
Мајами – Њу Орлеанс 113:98
Милвоки – ЛА Лејкерс 109:102
Њујорк – Орландо 98:104
Минесота – Сакраменто 107:97
Оклахома – Хјустон 101:89
Феникс – Далас 105:98
Портланд – Чикаго 112-107

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Направете да копнее по вас, иако долго сте заедно

Angela

Личностите родени во овој хороскопски знак имаат добра душа и не се лицемерни

Angela

Работи кои секој маж ги посакува во бракот

Angela