EXCLUSIVE MK
Економија

Јавна расправа за Нацрт – законот за продажба на државно земјоделско земјиште

Целосно и порационално искористување на обработливите површини, нивно окрупнување и можност за поголеми вложувања. Ова се само некои од целите предвидени со Нацрт – законот за продажба на државното земјоделско земјиште кој денеска е ставен на јавна расправа.

Според предложениот текст, ќе се зајакне и финасиската состојба на идните сопственици кои изградиле објекти врз државното земјоделско земјиште. Тие ќе може да обезбедат допонителни средства преку кредитирање (заложување на таквите објекти пред финасиските институции).

Во законот се предвидени четири постапки за продажба на државното земјоделско земјиште: јавен оглас, јавен повик, продажба на земјиште дефинирано како технолошка целина на оранжерија и технолошка целина на стопански двор, како и продажба во постапката за консолидација.

На јавната расправа ќе се обрати министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, по што ќе следува дискусија. Присутни ќе бидат претставници од земјоделски здруженија, стопански комори, високо образовни институции, потсекторски групи од Министерството за земјоделство, невладини организации, како и земјоделци.

Според Агенцијата за катастар на недвижности, околу 577.000 хектари во земјава се класифицирани како обработливо земјиште. Од нив, околу 240.000 или 41 процент се во државна сопственост и управувани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

-Изминатите 20 години во функција се ставени околу 130.000 хектари од вкупно расположивите 240.000. Необработени и запуштени се преку 100.000 хектари. Со овој закон ќе се овозможи таквите површини да се стават во функција на развојот на земјоделството и зголемување на земјоделското производство, велат за МИА од МЗШВ.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ако вложевте 1.000 долари во Биткоин пред 10 години, еве колку пари ќе имавте сега

Angela

Познат точниот датум за локалните избори

Angela

Најголем раст од 2017 година: „Snapchat“ со 293 милиони корисници на ден

Angela