Сè помалку Јапонци се одлучуваат за брак и да имаат деца, а нивните родители сакајќи да имаат внуци, одат на организирани настани за склучување бракови за да им помогнат на своите деца да најдат соодветен брачен партнер, пренесува CNN.
Со оглед на зголемените трошоци за живот, лошите економски перспективи и напорната работна култура, сè помалку Јапонци денес избираат да стапат во брак и да имаат деца. Тогаш на сцена стапуваат нивните родители, загрижени за сѐ помалите шанси да добијат внуци.
На состаноците на „омијаи“ – брачно посредување, родителите зборуваат за своите возрасни слободни деца, за кои се надеваат дека ќе најдат љубов. Секој од родителите издвојува по 14.000 јени, односно 89 евра, за учество на ваков настан.
„Во минатото, луѓето можеби се срамеле да присуствуваат на овие настани“, вели таа и додава „„Но, времињата се сменија“.
Во Јапонија денес има сè помалку бракови и помалку луѓе. Населението долго време беше на надолната патека и во годината до јануари, според владините бројки, претрпе рекорден пад од 800.523 на 125,4 милиони.
Бројот на новорегистрирани бракови во Јапонија во 2021 година падна на 501.116, што е најниско од крајот на Втората светска војна и само половина од бројот на бракови регистрирани во 1970-тите.
Јапонците се венчаат подоцна и подоцна – просечната возраст во 2021 година била 34 години за мажи во споредба со 29 во 1990 година и 31 за жените, во споредба со 27 години во 1990 година.