Манекенката и финалистка за Мис Универзум Австралија 2022, Сиена Вир почина на 23-годишна возраст.
Нејзиното семејство потврди дека таа била отстранета од апарати за одржување по трагичната несреќа на јавање, објави News.au.
View this post on Instagram
Несреќата се случила на 2 април во Виндзор Поло Граунд во Австралија кога Вир јавала на својот коњ и паднала. Веднаш била пренесена во болница каде била на респиратори неколку недели. На социјалните мрежи многу нејзини пријатели и колеги се збогуваат со емотивни коментари.
View this post on Instagram
Вир беше една од 27-те финалистки на австралискиот натпревар за Мис Универзум минатата година. Во интервју за списанието Gold Coast, таа претходно зборуваше за нејзините планови да се пресели во Лондон и да ја продолжи кариерата како модел. Дипломирала англиска книжевност и психологија на Универзитетот во Сиднеј.
View this post on Instagram