„Ги информираме бруцошите дека е неопходно да приложат потврда за редовен студент издадена од матичниот факултет, лична карта и индекс на увид, како и 200 денари, еднократен надомест за изработка на персонализирана картичка „Скопска”.На бруцошите, билетот автоматски им важи до истекот на наредната календарска година“, наведуваат од ЈСП.
Останатите студенти, за да ја продолжат важноста на билетот за 2022 година, треба да достават потврда за редовен студент не постара од еден месец и да приложат индекс со запишан зимски семестар.
Право на користење на билетот имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје до додипломски студии, без ограничување на возраста.
„Потсетуваме дека единствено „Скопска” со соодветниот билет е единствен валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз од страна на студентите кои ги исполнуваат условите за студентски годишен билет. Не се признаваат индекс, потврда за редовен студент и слично“, нагласуваат од претпријатието.
Студентскиот годишен билет за бесплатен превоз важи за неограничен број возења за сите линии (градски и приградски), но не и за превоз во ноќна тарифа.
За дополнителни информации, студентите можат да се обратат на 02-3171-881, во Одделение за продажба при ЈСП Скопје, како и на фејсбук страната на претпријатието facebook.com/jspskopjee.