EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија НАСЛОВНА

Јунешкото од 390 се качи на 510 денари за килограм, а свинското е поскапено за 20 отсто

Бранот поскапувања не го одмина ни месото. Најмногу е поскапено јунешкото, а пораст на цената има и кај пилешкото и кај свинското. Засега по стара цена се продава само јагнешкото. За разлика од свинското кое месарниците го набавуваат од домашно производство, јунешкото е претежно од увоз, па секоја недела има нова набавна цена која е за 10 денари повисока. Свинското последниве два месеца е поскапено за 20 отсто, но според најавите од производителите пред Нова година се очекува ново поскапување. Освен месото до крајот на годината, како што најави месната индустрија сите сувомесни производи ќе поскапат до 50 отсто.

Од месарниците велат дека поради повисоките набавни цени и растот на цената на индустриската струја, месото речиси секоја недела е со нови цени.

-Јунешкото месо го набавуваме од Австрија и секоја недела набавната цена е за 10 денари повисока. Свинското е од домашно производство, но и тоа во последниве два месеца откако се зголеми цената на добиточната храна и на енергенсите, тоа е покачено 20 отсто. Единствено јагнешкото е со стара цена, вели за ВЕЧЕР, Александар Јачев, сопственик на месарница.

Во моментов еден килограм свинско прва категорија претходно чини 320 денари, а претходно беше 290 денари за килограм, јунешкото од 390 е качено на 510 денари, а поскапени се и смесите за плескавици и ќебапи по 20 до 30 денари за килограм.

-Прометот е многу опаднат, а и стандардот на купувачите. Истите муштерии ако порано купувале по две-три кила месо сега купуваат само по половина килограм. А и нарачките од кафеаните се намалија. Нема веќе свадби и нема нарачки. Летото беше добро, малку тргна работата, но од пред два месеца со рестрикциите и со покачувањето на струјата, прометот е многу опаднат, вели Александар.

Компаниите од месната индустрија најавија дека цените на сувомесните производи до Нова година ќе се зголемат поради растот на цените на суровините и стопирање на мерката за увоз на замрзнато свинско месо без царина.

-Моментално цените на суровините (замрзнато свинско, говедско, пилешко) на светските берзи се зголемуваат секоја недела. Поголем раст има на говедското и пилешкото месо отколку на свинското. На домашниот пазар ситуацијата со свежо месо е стабилна и има доволно понуда, а побарувачката е намалена поради намалената куповна моќ на граѓаните, изјави за весникот ВЕЧЕР, Гоце Трајчев, претседател на Групација за производство на месо и преработки од месо при Стопанската комора на Македонија.

Сувомесните производи се увезуваат без давачки а за суровината, која се увезува се плаќа царина од 20-35 отсто. Месната индустрија бара една година да биде ослободена од царина на 50 отсто од потребните количества на суровини, а доколку предлогот не се прифати за толку би било и дополнителното покачување на цената доколку предлогот не се прифати. Ако оваа мерка не биде прифатена, домашните месни капацитети ќе се соочат со опаѓање на потрошувачката, обемот на работење и затворање на капацитетите.

Од месните индустрии уверуваат дека нема простор од недостиг на месо и месни преработки, но цените со сигурност ќе одат нагоре.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ако се прашувате дали ве сака: Еве 10 знаци дека сте во центарот на неговиот свет

Angela

Синови си истепале родители во Кочани и Берово

Angela

Вистина или само верување: Дали природната козметика е навистина здрава?

Angela