Ќерката на познатиот фудбалер Синиша Михајловиќ вчера се омажи за својот избраник Алесандро Вољак (24).
Двајцата си ги кажале свадбените завети еден на друг во Бари, во катедралата Монополи од 12 век, а гостите биле сместени во луксузниот хотел „Masseria Caselli“.
Вирџинија го избрала ова место, бидејќи имало големо значење во животот на нејзиниот татко. Во него со Црвена звезда ја испишал историјата на европскиот фудбал.
Невестата блесна во бајковита венчаница од тантела која сама ја креирала. Свадбата беше интимна, само за најблиските пријатели и семејството.
– Поканивме само роднини, блиски луѓе со кои често се слушаме и кои ce co нас секогаш во важни моменти. И јас и Алесандро имаме големи семејства и многу пријатели, што значи дека нема да има помалку од двесте гости. Среќни сме затоа што имаме толку многу луѓе кои нè сакаат – изјави неодамна Вирџинија.
Браќата Мирослав, Душан и Никола ја придружуваа убавата невеста до олтарот.
Иако Вирџинија не тргна по стапките на својот татко, односно не спортува, сепак љубовта на својот живот ја најде на фудбалскиот терен.
Повеќе од пет години е со Алесандро Вољак, дефанзивецот на „Џенова“.
Тие се верија во 2021 година, а на крајот на годината Вирџинија го израдува целото семејство Михајловиќ со ново бебе – внуката Виоланте.
Таа и Алесандро уживаат во хармонична врска, а судејќи по нивните заеднички објави на Инстаграм, тие се сакаат исто како и првиот ден.
На свадбата дојде и мајката на Синиша која и е баба на Вирџинија, а со неа допатувале од Србија и нејзиниот друг син Дражен Михајловиќ заедно со неговото семејство.
Она што сите го забележаа е дека Викторија, мајката на прерано починатиот Синиша не ја симнува црнината од себе.