EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Ќе ве воодушеви овој прелиен колач без брашно

Потребно ви е:

– 3 јајца

– 100 гр шеќер

– 1 шолја млеко (шолја од 100 гр)

– 1 шолја гриз

– 1 шолја масло

– 100 гр мелени бисквити

– 100 гр мелени ореви

– 1 лажица какао

– 1 прашок за печиво

– кора од портокал

– 1 ванилин шеќер

Прелив:

– 200 гр шеќер

-200 мл вода

– сок од 1 портокал

Подготовка

Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете го млекото, гризот, маслото, бисквитите, мелените ореви, какаото, прашокот за печиво, кората од портокал и ванилиниот шеќер. Се добро измешајте и ставете ја смесата во подмачкан плех.

Одозгора можете да наросите исецкани ореви. Печете на 200 степени околу 35 минути.

Во сад на оган ставете го шеќерот, налијте ја водата и додадете го сокот од портокал и варете 5 минути.

Жешкиот испечен колач исецкајте го на коцки и прелијте го.

Оставете го да се олади и да го впие преливот.

Пријатно!

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Календар за прихрана: Каква храна да му давате на бебето по месеци?

Angela

ОВАА ГРУПА ЛУЃЕ НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА ЈАДАТ ЈАГОДИ: Внимавајте и веднаш проверете дали сте меѓу нив!

Angela

Шарена посна салата за фит тело

Angela