EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Ќе започне ли употребата на биоразградливите кеси од 15 денари од среда?

Според последните измени во законите за управување со пакување и отпад од пакување во Македонија од идната недела се забранува употребата на пластичните кеси.

На пазарот ќе треба да се продаваат биоразградливи кеси за 15 денари по парче кои ќе треба да бидат произведени според пропишани стандарди за биоразградливост. Со овој закон од 1 декември трговците ќе треба да водат евиденција на квартална основа за бројот на продадени кеси, која треба да ја доставуваат до стручен орган на Министерството за животна средина.

Но дали производителите се подготвени за оваа промена или се очекува да настане хаос од први декември? Тие како најдобро решение предлагаат одложување на овој закон до влезот на земјата во Европската Унија.

ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ

-За жал производителите воопшто не се подготвени за производство на биоразградливи кеси бидејќи законот излезе во сужбен весник на 16/9/2021 а треба да почне примена од 01/12/2021 година, без известување, консултација и работни групи од страна на прозиводителите на пластични кеси, велат за „Фокус“ од Групација на производители и преработувачи на пластични маси при Сојуз на стопански комори на Македонија.

Од групацијата за „Фокус“ појаснуваат дека во моментот пластичните кеси се полиетиленски и оксо-биоразградливи и е потребен подолг временски период за набавка на биоразградлив материјал и адаптација на производствените капацитети за производство на биоразградливи кеси.

Во ниедна Европска земја нема имплементација на ваков ризгорозен закон, дека сите кеси треба да бидат биоразградливи , како што е донесен во нашата земја, додаваат од Групацијата.

ЗОШТО ЦЕНАТА НА БИОРАЗГРАДЛИВИТЕ КЕСИ Е ТОЛКУ ВИСОКА?

-Во однос за цената која ја плаќаат крајните корисници за биораградливите кеси сметаме дека моменталната економска состојба не дозволува нејзино покачување на 15 денари, бидејќи тоа значително би ја отежнала деловната активност на деловните субјекти и негативно ќе влијае врз животниот стандард на крајните купувачи, велат од Групација на производители и преработувачи на пластични маси при Сојуз на стопански комори на Македонија

Според нив нема потреба сите кеси да бидат биоразградливи, бидејќи тој материјал тешко може да се обезбеди и нема доволно производство на светско ниво. Од друга страна треба да се произведуваат подебели полиетиленски кеси и да се потикнат граѓаните да ги користат повеќекратно.

ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Е ВАЖНА НО ТРЕБА СИСТЕМСКИ ПРИСТАП

Заштитата на животната средина е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана неопходен е системски пристап и инклузивност на процесот на носење на одлуки со вклучување на сите засегнати страни, како и предвидување на соодветен период на прилагодување кон новите решенија, велат од Групацијата.

Според нив ова не е вистинско решение бидејќи во РСМ не се создадени услови за селекција на отпадот и не се поставени пунктови за секелтирање на отпадот.

Нашите очекувања се дека ќе се создаде голем хаос во маркетите, затварање на повеќе од 30 фабрики за производство на пластични кеси и отпуштање на 600 вработени. Повеќето од овие фирми успешно работат повеќе од 25-30 години и допринесуваат за македоснката економија, додаваат од Групација на производители и преработувачи на пластични маси при Сојуз на стопански комори на Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Џабе се фалите – бројот на партнерки не ве прави подобри љубовници

Angela

Променливо облачно со мала до умерена облачност која ќе биде поголема во планинските региони

Angela

Г.г Стефан: Покајанието, преобразбата и прошката ни се пот­ребни како никогаш досега

Angela