EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Ќе се мажи ќерката на Синиша Михајловиќ – тој од небото ќе ја гледа церемонијата како од бајките, овие свадбени детали ги посакува секоја идна невеста!

Ќерката на фудбалската легенда Синиша Михајловиќ, Вирџинија ја закажа својата свадбена церемонија на 17 јуни.

Таа ќе се венча со фудбалерот на Џенова, Алесандро Вољако, откако претходно ќерката на Михајловиќ беше запросена и го кажа судбоносното „ДА“.

Вирџинија за следбениците на Инстаграм ја откри локацијата на церемонијата, каква венчаница ќе носи како и каде ќе одат на меден месец.

Таа откри дека свадбата ќе биде интимна.

-Ги повикавме само роднините, блиските луѓе со кои често се слушаме и со кои сме во важните моменти од животот. И јас и Алесандро имаме големи семејства и многу пријатели, а тоа значи дека нема да биде бројката помала од 200 гости. Среќни сме што имаме толку голем број на блиски луѓе, вели таа.

Кумови на свадбата откри дека ќе и бидат нејзиниот брат Мирослав и сестрата Викторија, додека и Алесандро ги избрал своите брат и сестра за негови кумови.

Инаку нивната свадбена церемонија се одложуваше неколку пати поради тешките периоди во семејството поради болеста на Синиша, а потоа и поради неговата смрт.

Во меѓувреме тие добија и ќерка без која велат нема да одат на меден месец на Малдивите.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

(ВИДЕО) Ова е тинејџерот кој исчезнал по скокот од брод на Бахамите: Луѓето тврдат дека на снимката во водата гледаат ајкула

Angela

ФОТО: Лаутаро заплови во брачните води, најголемото име не се појави на спектакуларната свадба

Angela

СЕ ПОЈАВИ ПРВПАТ ПО СЕМЕЈНАТА ТРАГЕДИЈА – Јелена Томашевиќ во црнина од глава до пети, но еден детаљ на нејзината облека откри сѐ (ФОТО)

Angela