Заменик директорот на Заводот за статистика Илми Селами е убеден дека е мала бројката на оние што не се попишале од разни причини, но оти и за нив ќе се најде чарето.Тие ќе бидат попишани преку вкрстувањето на базата на податоци.
Кај нив единствено нема да биде наведена етничката, верската и јазичната припадност бидејќи за тоа треба да се изјаснат лично.
Но, и покрај тоа што вториот човек на Статистика вели дека е мал бројот на оние што од било какви причини не се попишаа сепак до редакцијата на „Република“ стигнаа многу јавувања на граѓани кои не се попишале бидејќи попишувачи воопшто не дошле кај нив дома.
Други случаи се забележани дека цели стамбени блокови во сопствениците се уште немаат имотни листови исто така не биле опфатени со попишувањето.
Првиот човек на Статистика Апостол Симовски пред неколку дена изјави дека тоа не е точно и оти нив не им било важно дали лицата имаат имотни листови или се под кирија.