EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА Занимливости НАСЛОВНА

Џабе се фалите – бројот на партнерки не ве прави подобри љубовници

Зошто е формирано некое општо мислење дека мажите кои имале многу сексуални партнерки се одлични во кревет? Едно истражување спроведено на Универзитетот во Глазгов на 15.000 испитаници за нивните сексуални навики покажа дека, со исклучоци, секако, жените се наклонети да кажуваат помала бројка на сексуални партнери од реалната, а мажите повисока. Ова секако, не ве шокираше, нели?

Жените генерално ја намалуваат бројката бидејќи на промискуитетните жени им се суди пожестоко отколку на мажите со голема сексуална активност со различни партнерки.

Да ги ставиме настрана двојните станарди, факт е дека мажите повеќе се фалат со бројот на сексуални партнерки и неретко претеруваат со фалењето, во најголем број случаи бидејќи сакаат да бидат доживеани од жените како сексуално надмоќни и исклучително вешти љубовници врз основа на бројот на жени со кои спиеле.

Ваквото, но и реалното кревање на „контото“ на жени со кои имале секс има „примена“ и во тоа како ги доживуваат другите мажи.

Без разлика на мотивите, дури и ако бројките се точни, тоа не гарантира дека мажот е вешт љубовник, туку дека е добар во тоа да стигне до фазата секс, што е вештина сама по себе.

За да се стигне до високата бројка на сексуални партнерки, особено на помлади години, тоа значи дека тие мажи претежно имаат кратки врски или сексуални средби за една ноќ, а не длабоки и значајни врски и односи со жените. Тоа значи дека сексот почнува да станува „активност по формула“ што носи поголем ризик да биде лош, отколку да биде (по)добар со тек на време.

Го прават генерално истото, само со различни жени, што не им „дозволува“ да го прошират „репертоарот“ на сексуални вештини. Иако имаат многу секс, тоа не значи дека експериментираат или доживуваат нови сексуални искуства.

На крајот на краиштата, ги има и исклучоците кои учат по нешто од секое сексуално искуство, со истата или со различни жени. Но едно е сигурно – без разлика на вашата бројка, никој не сака фалбаџија.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ТРЕТАТА ДОЗА ЌЕ ЈА ПИЕМЕ? Научниците развиваат орална вакцина против ковид-19

Angela

Се соблече мајката на Прија: Борка е риба ипол во бикини (фото)

Angela

Како да познаете дека лажe?

Angela