EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Светот на познатите

Џеј Ло и Бен Афлек се подновија: Купија вила со 12 спални соби и 24 бањи (ВИДЕО)

Славната двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек во средата купија нов дом во Калифорнија за 60 милиони долари.

По речиси две години потрага по совршен дом, парот решил да купи имот од 3.530 квадратни метри во Беверли Хилс, за кој платиле во готовина.

Вилата се состои од 12 спални соби, 24 бањи, а од агенцијата за недвижности изјавија дека се работи за извонредно дизајниран простор, кој е софистициран и елегантен. Медиумите сметаат дека го купиле овој комплекс, бидејќи содржи уникатен затворен простор за спортски активности, кој се состои од теретана, боксерски ринг и други спортски терени.

Нивниот нов дом има поглед на планинските предели, а во дворот до вилата има голем базен, куќа за гости, кошаркарско игралиште, гаража за 12 автомобили и паркинг места за 80 автомобили.

Покрај тоа, се смета за еден од најбезбедните имоти во Беверли Хилс, бидејќи до двата влеза може да се пристапи само преку приватни и затворени улици.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кина тестирала нова хиперсонична ракета

Angela

Ендодонтската терапија е дизајнирана да спаси заб!

Angela

Денес и болните може да се излечат: Првиот петок по Велигден е Балаклија

Angela