EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија

Биткоинот падна на најниско ниво за една и пол година

Биткоинот денеска падна во азиското тргување на најниско ниво во последните 18 месеци, поттикнат од загрижувачките податоци за инфлацијата во Соединетите држави кои предизвикаа аверзија кај инвеститорите кон инвестирање во ризични средства.

Најголемата светска криптовалута по пазарна капитализација падна за цели 8,9 отсто на 24.903,49 долари, што е најниско ниво од декември 2020 година, пренесува „Блумберг“.

Другите дигитални токени исто така ослабеа бидејќи продажбата е во пораст.

Индексот MVIS, кој ја мери вредноста на 100 водечки криптовалути, падна за 9,7 отсто.

Аналитичарите велат дека криптовалутите се во првите редови на монетарната политика на Федералните резерви, кои оваа недела треба да одлучуваат за ново зголемување на референтната каматна стапка со цел да се олади високата инфлација. Некои дури проценуваат дека биткоинот може да падне под 15.000 долари, па дури и до едноцифрена сума во илјадници долари поради општата макро средина и нивото на страв што го зафати пазарот.

Трговците се повеќе се обложуваат на поагресивно зголемување на каматните стапки на Федералните резерви, откако минатиот петок беше објавено дека инфлацијата во САД достигна 8,6 отсто во мај во споредба со истиот месец во 2021 година, што е нејзино највисоко ниво од декември 1981 година.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Какво време не очекува во следните четири дена?

Angela

Силен земјотрес синоќа го погоди Крагуевац

Angela

Во Мексико запленет чамец со речиси три тони кокаин

Angela