EXCLUSIVE MK
Економија

БИТКОИН: Се поблиску сме до магичната граница од 64.000 долари!

Пазарот на криптовалути е во зелено и утрово.

Со биткоинот се тргува по цена од 47.429 долари, што претставува раст од 2,69 проценти во последните 24 часа, пишува сајтот „Коиндеск“. Инвеститорите на форумите овие денови знаат да кажат дека се доближуваме до максимумот од 64.000 долари!

Исто така, утрово се тргува со Етерум по повисока цена. За 24 часа, неговата вредност се зголеми за 2,52 проценти, а моменталната цена е 3.287 долари.

И помалку познатите криптовалути се во зелена боја. Рипл забележа раст од 3,47 проценти за 24 часа и неговата цена е 1,30 долари. Кардано вреди 2,17 долари, што претставува зголемување од 3,87 проценти во последните 24 часа.

Патем, како што велат експертите, ова е највисоко ниво на биткоин од мај, а на почетокот на оваа година го достигна својот максимален лимит, кога вредеше 64.000 долари.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Исплатени над 866 милиони денари за субвенции

Angela

Нови цени на горивата

Angela

Владата донесе нови ковид олеснувања: Настани на затворено

Angela