EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија

Бугарија од утре ги повлекува рестрикциите за патување на македонските државјани

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на својот Фејсбук-профил информираше дека од утре Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување на македонските државјани на нејзина територија.

– Со последната одлука, Македонија од црвена е преместена во портокалова зона, пишува Османи.

Забраната се укинува за сите кои имаат сертификат за вакцинација, со поминати 14 дена од втора примена доза, сертификат за прележан Ковид, што важи од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување или негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Меѓу 14-те загинати во пожарот во Тетово има и еден посетител

Angela

Ексклузивно ВИДЕО: Прва навивачка химна од навивачите за ракометната репрезентација за ЕП

Angela

(фото) Вечерва пожар и во Велес – ако не се реагира во опасност се викендички

Angela