EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА НАСЛОВНА

Видови бакнежи и нивните значења

Бакнежите откриваат многу за намерите на вашиот партнер, особено на првиот состанок и на почетокот на врската воопшто. Сигналите кои тој ви ги пренесува преку бакнежот понекогаш можат да бидат збунувачки, па овие совети можеби ќе ви помогнат да ги одредите неговите чувства и намери.

1. Бакнеж во образ – Ова е учтив бакнеж. Може да значи неколку работи, зависно од личноста и од тоа колку долго се гледате со неа. На првиот состанок може да значи дека партнерот ја тестира ситуацијата за да не делува преагресивно. Во ваков случај може да значи дека вие треба да иницирате вистински бакнеж во уста.

2. Брз бакнеж – Ваков бакнеж во текот на нова врска обично значи „ми се допаѓаш“ или „ми беше забавно“. Ова особено го практикуваат луѓето кои не се изразуваат многу вербално за своите чувства.

3. Бакнеж со отворени очи – Ако забележите дека другиот не ги затвора очите кога ќе го бакнете, тоа значи дека тој е повеќе набљудувач отколку учесник во ситуацијата. Не трудете се многу околу него.

 

 

4. Бакнеж со затворени очи – Ваквиот бакнеж е рецептивен. Кога ги затворате очите, вашите сетила за допир се засилуваат и поради тоа можете поцелосно да уживате во бакнежот.

5. Неангажиран бакнеж –Ви се чини како другата личност да е помалку посветена на бакнувањето од вас? Ова може да е знак дека таа е преокупирана со други работи, па затоа овој бакнеж не води никаде.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Работи кои најчесто ги сакаат мажите од партнерката?

Angela

Пролетна нега на кожата

Angela

Дали јајцата се добри или лоши за организмот?

Angela