EXCLUSIVE MK
Македонија

Во Крушево отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Со читањето на Манифестот, со подигнување на државното знаме, синоќа на Гумење во Крушево беше отворена манифестацијата „10 дена Крушевска република“.

Пред бројните посетители, крушевскиот градоначалник и претседател на манифестацијата Томе Христоски рече дека со манифестацијата го промовираме нашето историско и културно наследство.

-Пред нас е уште еден Илинден, уште 10 дена слобода и живеење во духот на слободата и победата на македонскиот народ. Пред нас се денови кои ги исполнивме со програма за да го одбележиме и промовираме нашето историско и културно наследство и да привлечеме посетители пред кои дополнително ќе ги претставиме нашите автентични вредности, верувања и заложби, рече Христоски.

Напоменувајќи дека се реализираат повеќе проекти осовременување на животот во историско и туристичко Крушево, Христоски со порака за достоинствено чествување на големиот Илинден.

-Да го празнуваме празникот одговорно и достоинствено. Да бидеме вистински патриоти со тоа што ќе го испочитуваме залогот на Илинденците и ќе покажеме меѓусебно разбирање и поддршка. Вистински патриотизам е кога го почитуваш соседот, кога работиш заедно со граѓаните, кога стоиш гордо пред државното знаме, рече Христоски на отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“.

Првпат беше претставена видео-презентација на преку 300 документи, списи, фотографии, досега необјавени од Илинденскиот период, а се дел од ризницата на Државниот архив, заедно со одделенијата во Прилеп и во Битола.

Во Крушево се и над 50 илинденски коњаници кои со децениска традиција за празникот стигнуваат во Крушево за да им оддадат почит на илинденците, на идеалите за своја држава и за достојно празнување на големиот Илинден 1903 и создавањето на Крушевската Република.

Отворањето на манифестацијата беше збогатено со огномет, со настапот на составот „Љубојна“, а не изостана ниту традиционалниот импровизиран напад на Крушево како потсетување на славните илинденски денови.

Во 10-дневното одржување, Манифестацијата ќе понуди бројни настани кои ќе ги нагласат историскиот и туристичкиот континуитет на Крушево.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

УХМР најавува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Angela

Што претставува кризна состојба во државата?

Angela

И село Црник загрозено од пожарите во Пехчевско

Angela