EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ НАСЛОВНА Свет

Во САД вакцината Фајзер ќе се дава и на деца над 5 години

Експертите од американската Управа за храна и лекови (ФДА) ја препорачаа вакцината на „Фајзер/Бионтек“ да им се дава на деца од пет до 11-годишна возраст.

Со вакцината на „Фајзер“ веќе се вакцинираат децата од 12 години па нагоре, а минатиот месец компанијата информираше дека вакцината е безбедна и за децата на возраст од 5 до 11 години.

Најновата одлука опфаќа 28 милиони американски деца и таа сега треба да биде одобрена од ФДА и Центарот за контрола и превенција на болести. Се очекува вакцинирањето да почне најрано на 3 ноември.

Официјалните податоци од САД покажуваат дека 160 деца на возраст меѓу пет и 11 години починале од коронавирус од почетокот на пандемијата. Во САД од вирусот починале вкупно околу 740 000 луѓе.

Пред две недели европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека ја проценува вакцината на „Фајзер“ за истата возрасна група.

Вакцината со две дози, базирана на новата мРНА-технологија, произведува силен имунолошки одговор кај деца на возраст од пет до 11 години, покажа клиничкото испитување на 2 268 учесници, објавија компаниите минатиот месец.

Покрај вакцинирањето на децата, регулаторот и производителите на вакцини размислуваат за дополнителни дози за ранливите групи и ја нагласуваат потребата од зајакнување на производството и проширување на пристапот до вакцината за што е можно повеќе луѓе.

ЕМА, исто така, објави дека одобрила две нови производствени локации во италијанските градови Монца и Анагнија.

Двете локации ќе произведат до 85 милиони дополнителни дози за ЕУ ​​во 2021 година, рече регулаторот. „Фајзер/Бионтек“ се најголемите снабдувачи на Европската Унија со вакцината за ковид-19.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Денеска се слави српскиот празник Видовден – се вели дека ова е празник кој ги отвора очите, обрнете внимание на ова!

Angela

Проверено! Овие три работи ќе ви донесат пари во домот

Angela

ЌЕ ПОДЗИНАТ НЕЈЗИНИТЕ ВРСНИЧКИ – Цеца за два дена полни 50 години, а кога ќе видите што облече сѐ ќе ви стане јасно, време е за провокација во „Ѕвездите на гранд“

Angela