EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Вчера аплицирани над 12 илјади вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.955 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.062 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а ревакцинирани се 690.806 граѓани.

Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

НЕА ЈА САКАШЕ ПРЕД ЦЕЦА – атрактивната актерка ставила точка на нивната љубов откако ја ишишал поради болната љубомора, му родила и дете! (ФОТО)

Angela

ДЕНЕС Е ЗНАЧАЕН ПРАЗНИК – овие светци ќе ве КАЗНАТ доколку ги направите овие работи на тој ден!

Angela

Првпат заврна дожд на Гренланд на надморска височина од 2.600 метри

Angela