EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

Голем ден – Преображение Господово: Овие работи не смеете да ги правите

Православната црква и нејзините верници денеска го одбележат големиот празник, Преображение.

Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата.

Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од денеска ноќите стануваат поладни како и дека од овој ден почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента.

Врежано е мислењето дека на Преображение и небото, во глуво време на ноќта, три пати се преобразува, и дека оној што ќе го види тоа и тоа ќе го обелодени на друг, ќе го изгуби разумот.

Како што се верува, на денешниов ден никако не треба да се бањаме во отворени води, реки и мориња. На Преображение никако не е добро да се спие преку ден, бидејќи кој отспие преку ден, цела година ќе биде дремлив.

Не е добро ни да се плаче, ниту пак цел ден да се помине во кафеана, како не би станале расипници. Но она што е задолжително е на овој ден да пробате грозје!

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Три хороскопски знаци на кои април ќе им го сврти животот наопаку

Angela

ГИ ЛЕГНАЛА ПА ГИ УЦЕНУВАЛА ТРОЈЦАТА ФУДБАЛЕРИ НА ЧЕЛЗИ – на онлифанс моделката и се заканува затворска казна доколку ќе има некој „срце“ да ја казни!

Angela

Дневен хороскоп – денес овој знак тешко ќе излезе на крај со финансиите, а еве што ги очекува рибите

Angela