EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА

Дали имате самодоверба? Еве што навистина мислат мажите кога ќе се соблечете пред нив

Дали треба да ви се зголеми нивото на самодоверба пропорционално со тоа колку години сте во врска?
Веројатно да, иако тоа често не е случај. Иако фактот дека долги години сте во романтична врска со некого треба да ве ослободи од сомнежите за изгледот на сопственото тело, на жените често им е тешко да го направат тоа. Факт е дека нашите тела се менуваат како што старееме, а ситуациите како што е бременоста секако придонесуваат за тоа, но тоа не значи дека вашата убавина избледува.

Иако можеби не изгледате исто како пред пет или 10 години, во никој случај не треба да чувствувате презир кон своето голо тело. Посебно не ако покрај себе имате некој, кој не може да се насити од вас, дури и по долги години во врска. Ако некогаш сте се запрашале што е тоа што му поминува низ глава кога ве гледа без облека, ѕирнете во нашата галерија и откријте.

Тој мисли дека сте совршени за него
Додека се борите со себе размислувајќи за тоа што му поминува низ главата кога ве гледа без облека, тој всушност размислува за сите работи за вас што ве прават толку неверојатни. Без разлика дали сте облечени или не, ако тој искрено ве сака, ќе мисли дека сте создадени за него. На вашиот маж ќе му се допадне обликот на вашето тело и секоја облина на него, без разлика дали носите ролка или сте малку облечени, со вашите атрибути кои се истакнуваат. Кога ќе ве погледне, нема поголемо совршенство, дури и да ги немате пропорциите на светски познатите модели.

Не му пречат стриите
Се чини дека нема шанси да избегаме од нив. Без разлика дали сте ги добиле во пубертет или ако нагло сте се здебелиле или изгубиле на тежина, стриите се вистински кошмар за секоја жена. Иако тие ви изгледаат одбивни и би сакале да искокнете од кожа доколку можете, навистина нема причина да се плашите дека чувствата на вашиот маж кон вас ќе се променат кога ќе ги види. Телата се склони кон промени, ова важи и за вашето како и за неговото. Дури и ако сте имале лошо искуство со вашето поранешно момче кога станува збор за стриите, не треба да претпоставувате дека сите ќе имаат исто мислење. Многу момци се над тие површни размислувања.

Се фокусира на својот омилен дел од вас
Секој маж има омилен дел од телото кога се во прашање девојките. Во принцип, тие се претежно љубители или на гради или на задник. Сепак, иако тоа е она што е очигледно, постојат и други делови од женското тело кои се неодоливи за мажите. Иако сте без облека, тој многу лесно би можел да ги гледа вашите очи, усните, вратот, како и да ги погледне вашите нозе, половината или колковите, целосно игнорирајќи ги вашите главни атрибути. Во моментот кога ќе останете без облека, неговиот поглед ќе се залепи како магнет за вашиот дел од телото што најмногу го сака.

 

Размислува како ќе ве сака од глава до пети
И додека сте загрижени дали забележал дека сте качиле некој килограм во последниот месец, вашиот маж веќе многу се восхитува на вашиот задник со кој сега има полни раце работа, што воопшто не му пречи. Можеби вашите гради не се цврсти како порано, што особено се забележува кога ќе го соблечете градникот, но се додека тој има можност да ги види без оние корпи кои му го блокираат погледот, знајте дека тоа воопшто не му пречи. Сè што размислува е колку е среќен што има можност да ве сака од глава до пети.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

МОТИВАЦИЈА: Зошто треба да поставите системи, а не цели? (ВИДЕО)

Angela

ПЕТ најчести сексуални фетиши во светот

Angela

Мали нешта за покажување голема љубов

Angela