EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА

Дали постои пријателството со бенефиции

Новото време ни донесе и нов вид пријателство, или постоело и порано, само не било толку актуелизирано како сега. Дали пријателството со бенефиции е добро нешто или е глупост донесена од модерниот свет?

Прво, од каде потекнува овој вид пријателство? Филмовите како „Friends with benefits“ и „No strings attached“ дефинитивно ја изрекламираа оваа „нова мода“.

Што претставува? Најточно кажано, тоа се пријатели кои имаат секс, без никакви чувства, и секако без нежности и љубов, чиј однос се заснова на телесна привлечност.

Колку е често ваквото пријателство? Мора да бидеме свесни дека тоа и не е така ретка појава дури и кај нас, но со сигурност, пријателството со привилегии или бенефиции бара добро да размислите и внимателно да му пристапите.

 

 

Дали е тоа добро или лошо? Кои се позитивните, а кои негативните страни на ова „пријателство“ и зошто луѓето започнуваат нешто вакво?

Потреба од ваков „пријател“ имаат оние кои се фокусирани на кариера или на образование толку многу, што немаат време да ѝ се посветат на вистинска врска, или личности кои во моментот не сакаат сериозна врска туку забава.

Она на што треба да сте внимателни, е цврстината на вашето пријателство. Ако сте биле многу блиски пријатели, не започнувајте вакво нешто, зашто голема е веројатноста на крај да не остане ништо од вашето пријателство, дури да изгубите секаков контакт. Ако некого го гледате како вистински/а другар/ка, дали е во ред да го претворите во пријател со бенефиции?

Пред да започнете нешто вакво, бидете свесни дека тоа ќе биде привремено, а не долгорочно. Многу зависи и од карактерот на човекот, дали сте вие такви личности кои би можеле сексот да го гледаат само како забава, без да станете кревки и подложни на повредување, дали сте „отпорни“ на чувства?

Колку и да изгледа оваа врска едноставно, баш напротив, сето тоа може да стане многу комплицирано доколку добро не сте размислиле и доколку функционирате само според вашите инстинкти.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Гитара на основачот на „Пинк флојд“ продадена за над 27.000 долари

Angela

Овие знаци ќе ви откријат дека не сака ништо сериозно со вас

Angela

Зошто имаме помала ПОТРЕБА за секс?!

Angela