EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ НАСЛОВНА Свет

Децата од Херсонската област ќе добијат руско државјанство

Сите деца родени во Херсонската област по 24 февруари, кога Русија започна специјална воена операција во Украина, автоматски ќе добијат руско државјанство, изјави денеска заменик-шефот на воено-цивилната управа на Херсонската област Кирил Стремусов.

Тој изјави дека и сирачињата кои живеат во Херсонската област автоматски ќе добијат руско државјанство, пренесува ТАСС.

На 25 мај, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за поедноставување на правилата за добивање руско државјанство за граѓаните од регионот Запорожје и Херсонската област во Украина.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дома сигурно го имате овој зачин, а не сте ни свесни колку може да ви помогне

Angela

Пописот во прекин

Angela

Се бара атрактивна девојка, која завела маж во кафуле и му украла 600.000 долари (ВИДЕО)

Angela