EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Свет

Добил оштета од 450 000 долари од компанијата која му организирала роденденска забава!

Човек од Кентаки ја тужел компанијата во која е вработен, бидејќи работодавачот го игнорирал барањето неговиот роденден да не се слави во компанијата.

Причината е оправдана бидејќи Кевин Берлинг страдал од анксиозно растројство. Тој добил оштета во висина од 450.000 долари од компанијата бидејќи таа го игнорирала неговото барање да не му се организира никаква прослава за роденден.

Медицинската лабораторија за дијагностика на гравитација го игнорирала барањето на својот вработен Кевин Берлинг да не го слави роденденот.

Според Тони Бухер, адвокатот на Берлинг, вработениот разговарал со организаторот на роденденската забава, но „лицето кое било одговорно за роденденските забави и со кое разговарал целосно заборавило на барањето на Кевин“.

Компанијата сепак организирала забава за Кевин Берлинг, на кој што славеникот доживеал паничен напад на анксиозност. Поради кој Кевин морал да отиде до својот автомобил, да вежба техники на дишење, да го изеде својот ручек да се смири и да го инфорормира менаџерот дека неговото барање било игнорирано. Утредента Кевин во компанијата добил критика поради своето однесување на прославата . Оваа расправија била причина за нов паничен напад на Кевин, по кој тој бил избркан од работа.Поради тоа Кевин бил принуден да поднесе тужба против компанијата и на крајот да го добие судскиот процес.

Според судските документи, на Берлинг му биле доделени отштета од 450.000 долари.

Сто и дваесет илјади долари за изгубени плати и бенефиции, 30.000 долари за идни изгубени плати и бенефиции, 300.000 за минати, сегашни и идни душевни болки и страдања, срам и понижување, како и губење на самодовербата.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Од денеска започна пријавување за вакцинација од сезонски грип

Angela

Со себе носете чадор – празнична временска прогноза

Angela

Трета доза вакцина ќе биде достапна за сите граѓани

Angela