EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Експертите појаснија: Дали кафето и чајот можат да ја заменат водата во текот на денот

Шолја кафе не ја обезбедува истата хидратација на организмот како иста количина на вода, но и покрај тоа може да се вброи како дневен внес на течности.

Бидејќи кафето е природен диуретик и стимуланс на мочниот меур, а содржи и кофеин, многумина веруваат дека го дехидрира телото.

Меѓутоа, ако не пиеме литaр кафе или чај дневно, тоа нема да се случи.

Експертите советуваат да се пијат до две шолји кафе на ден, со вода. Хидратацијата со кафе сигурно ќе биде помала отколку со чиста вода, но и внесот на течности е важен.

И чајот содржи кофеин, но во многу помала мера од кафето. Ако испиете шолја чај се брои како да сте испиле три четвртини од чаша вода, додека со билните чаеви тоа е друг случај. Бидејќи тие не содржат кофеин – тие се еквивалентни на вода.

Иако млекото не се смета за добар извор на хидратација, докажано е дека го рехидрира телото после тренинг, па дури и подобро од некои спортски пијалоци. Секако, важно е пијалоците да останат без шеќер, бидејќи можат да предизвикаат дехидрација во однос на пијалоците без шеќер.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Железото и вашето здравје

Angela

МАФИНИ СО ВИШНИ! Десерт на кој нема да одолеете

Angela

Рецепт за домашни посни крофни: Што да јадете за Велигденските пости

Angela