EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА

Жените не ги трпат овие 4 работи во сексот

Ако во текот на сексот ви сметаат некои однесувања и потези на партнерот, не чекајте работите да се променат сами по себе, време е за сериозен разговор.

Во една врска комуникацијата е најважна, особено кога станува збор за сексуалниот живот. Кои работи жените не ги трпат во сексот?

1. Спијач

Секој различно се однесува по секс, некој сака да се гали, некој веднаш заспива, некој пали цигара – постојат многу типови на пост сексуално однесување.

Ако сте вие склони на еден тип, а партнерот на сосем поинаков, тогаш не е чудно што ќе се чувствувате малку повредено, по оргазмот, мажите влегуваат во фаза во која го губат интересот за секс и поради засиленото излачување серотонин, им се приспива. Ако сакате малку да му се осветите, дозволете му да ве доведе до оргазам, заблагодарете му се и заспијте пред него.

2. Многу фалење, малку акција

Ако постојано се фали со големината, а не е активен во кревет, може вие да иницирате акција. Многу мажи се уверени дека нивната надареност е пат кон совршен оргазам, а нивните партнерки се тие кои со тоа им се фалат на пријателките додека пијат кафе.

Многу жени сметаат дека не е доволно само да гледате и да се восхитувате, дури преголемата надареност за некои не е привлечна особина.

3. Играч без загревање

Скоро секој маж знае дека предиграта е важна за жените. Тој маж кој ја игнорира предиграта е вистински егоист.

Ако сакате да го промени ваквото однесување, исечете ја работата во корен. Многу парови ја занемаруваат предиграта. Но, таа е потребна за да поттикне лубрикација и желба за секс, така односот ќе биде повозбудлив и попријатен.

4. Цело време една иста поза

Ако мислевте дека само жените можат постојано да практикуваат една поза, без желба за промена и експериментирање, се лажете.

И мажите често сакаат да заземат една единствена поза, која најмногу им одговара или користат исти пози на ист начин и со истото темпо секој пат.

Обидете се да ги охрабрите партнерот, нека се чувствува изразито посакуван и можеби ќе се ослободи и ќе биде спремен за вистински промени.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Крокодил станал вегетариjанец

Angela

На што се „палат“ мажите?

Angela

Бикот го очекуваат нови деловни можности, а Вагите некој денар плус на сметката

Angela