EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости

Занимливи и помалку познати факти кои ќе ве замислат

Ако сте сопственик на домашно милениче се разбира дека знаете многу за неговите карактеристики, особини и потреби. Меѓутоа, вистинските љубители на животните сепак мораат да го шират знаењето, па затоа ви откриваме неколку интересни, а често непознати факти за животинчињата.

Опуштете се и тргнете во авантурата наречена „Дали знаевте дека…“

– Жирафите немаат гласни жици.

– Окото на нојот е поголемо од неговиот мозок.

– Крвта на јастогот е безбојна, а во допир со кислород станува сина.

– Мачките имаат 32 мускули на ушите.

– Мечката има 42 заби.

– Афричкиот сив папагал може да развие вокабулар од преку 200 зборови.

– Млекото од камилите не може да се претвори во млечни производи.

– Кравата е можно да се води покрај скалила, но не и по нив.

– Жабите не пијат вода, тие ја впиваат преку кожата. Исто така, додека нешто голтаат, не може да ги држат очите отворени.

– Кога ќе се родат, далматинците се секогаш бели.

– Срцето на птицата колибра чука повеќе од 1.000 пати во минута.

– Крокодилите не можат да го помрднат својот јазик.

– Нилските коњи во Африка убиле повеќе луѓе отколку било кое друго животно.

– Слонот ги користи ушите за да ја регулира сопствената температура на телото.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Јапонците им бараат брачни партнери на своите деца

Angela

Сурова првоаприлска шега: Од Сара Поли било побарано да го врати Оскарот!

Angela

Грешка што ја прават паровите кога сакаат да го подобрат својот сексуален живот

Angela