EXCLUSIVE MK
Економија

За комуналните работници нема да важат законите за аминистрацијата

Работата на комуналните работници од јвните претпријатија нема да се регулуира според законите за вработените во јавниот сектор и за административни службеници. За нив ќе важат Законот за работните односи, Законот за комунални дејности и Колективниот договор.

Сојузот на синдикатите на Македонија информира дека премиерот Зоран Заев дал позитивен одговор на иницијативата на синдикатот СУТКОЗ при ССМ и АДКОМ, за изземање на комуналните работници од Законот за вработените во јавниот сектор и предлог Законот за административни службеници чие усвојување се предвидува во последниот квартал во годината.

-Соработката со Владата и социјалниот дијалог кој го водат синдикатот СУТКОЗ при ССМ и АДКОМ ќе значи решение на долгогодишниот проблем со кој се соочуваат и работниците и работодавачите во комуналните дејнисти и со ставање под законите кои се применливи за нив, а тоа се Законот за работните односи, Законот за комунални дејности и Колективниот договор, ќе престане поделбата на овие работници како до сега во три групи за кои важеа три различни закони, што се покажа како неприменливо во овие комунални јавни претпријатија и со тоа се генерираат проблеми во функционирањето на Јавните комунални претпријатија и се прават поделби на работниците, информираат од ССМ.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

АНАЛИЗА : Бруто надоворешниот долг близу до 10 милијарди евра , каква е состојбата со Јавниот дол!

Angela

Од денеска парно греење за скопјани

Angela

ОСВОИ ЧЕТИРИ МИЛИОНИ НА ЛОТАРИЈА – семејството веднаш се откажа од него

Angela