EXCLUSIVE MK
Наука - новости ТЕХНОЛОГИЈА

Знаете ли што е жаме ви, потполната спротивност на феноменот дежа ви

Дежа ви е добро познат феномен, но помалку познат феномен е она што на француски се нарекува jamais vu, односно жаме ви. Во превод значи никогаш невидено и се смета за ѓаволска спротивност на феноменот дежа ву.

„Општо земено, доживуваме совршено совпаѓање помеѓу објективното и субјективното сознание, помеѓу нештата што ни се чинат познати и нештата што не ни се познати“, напишаа психолозите Алан С. Браун и Елизабет Џ. Марш во книгата „Psychology of Learning“.

На пример, дежа ви (déjà vu) е моментот кога сретнуваме некој што не сме го запознале досега, а чувствуваме дека можеби сме го запознале претходно. Луѓето тоа си го објаснуваат на различни начини – од изразување на потиснати спомени до верување дека е натприродна способност некој да се сеќава што бил во минатиот живот. Но, научниците веруваат дека ова искуство е резултат на привремено нарушување на перцепцијата во мозокот.

Жаме ви е името за чувството на личноста дека нешто му е непознато. На пример, кога ќе влезе во трпезаријата од домот каде пораснала и ѝ се чини дека за прв пат е таму. Научниците сугерираат дека таквото чувство може да биде многу вознемирувачко.

Еден корисник на Reddit напишал дека кога се симнал на една од автобуските постојки се чувствувал како да е во друга држава и дека мора да користи Google Maps за да се врати дома. Подоцна му се случило да се чувствува како странец во неговата спална соба. Тој тврди дека не можел ништо да препознае сѐ додека кучето не му пришло.

Еден од експериментите покажа дека луѓето кои неодамна доживеале дежа ви имаат поголема веројатност да искусат и жаме ви, пишува Jerusalem Post.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

PayPal во преговори за купување на Pintrest

Angela

Не ја чекајте зимата: Oвие две важни работи треба да ги проверите на автомобилот уште сега, за да не се каете подоцна

Angela

Како изгледа сериозна алергиска реакција по каснување од комарец?

Angela