EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Црна хроника

Изречени 328 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (16.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 328 возачи. Од нив, 18 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 159 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 169 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Растат платите ама и трошоците

Angela

Изгоре жива спасувајќи ја мајка си во тетовската модуларна болница

Angela

Филипче: „Да заврши истрагата, потоа ќе одлучам дали ќе дадам оставка“

Angela