EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ НАСЛОВНА Убавина

Индиски совети за убавина: Применувајте ги за зачувување на младоста

Жените од Индија знаат многу природни начини за нега, а се препознатливи по својата младоликост и по секогаш негуваната мазна и блескава кожа.

Тие ретко ги користат комерцијалните производи за нега, бидејќи сметаат дека жените треба да се грижат за себе на природен начин. Исто така, веруваат и дека здравиот начин на живот придонесува за зачувување на младоста и убавината.

Ова се нивните три „закони“ по кои се водат во однос на негата и убавината:

Негувајте ја кожата со природни производи од куркума и вода од роза

Куркумата има антивоспалителни својства и е одличен препарат за природен пилинг. Но, во наши услови, не е многу применлива, бидејќи кај девојките со многу светол тен може да остави непријатна жолта нијанса која „паѓа“ по неколку миења.

Добра замена е и чај од шафран, со неколку капки вода од роза. Прават и природни маски со глина во прав во која додаваат зачини и вода од роза.

Косата ја негуваат со масла

Многу Индијки користат кокосово масло за нега на кожата, бидејќи не создава маснотија и лесно се впива во влакното. Маслото од орев го користат за витаминот Б, кој помага косата побрзо да расте. Често ја плакнат со чај од хибискус, наместо само со вода.

Маслата се нанесуваат навечер, пред спиење, а се измиваат наутро. Овој третман го применуваат двапати неделно.

Користат „кајал“ за шминка на очите

Ова е природна верзија на познатиот туш за очи. Наликува на наострена креда со црна боја и е изработен од палмино масло, растителен восок, глицерин и витамин Е. Многу козметички производи како туш за очи или моливче за очи се изработени врз овој принцип и ја имаат ознаката „кајал“, така што е достапен за сите.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

За многу години Македонци! 32 години од независноста на Република Македонија

Angela

„Задруга“ дефинитивно се укинува, Жељко Митровиќ објави кога е крај

Angela

Емили Ратајковски ги покажа стомачните на сред улица: Нејзиниот аутфит нема да ве остави рамнодушни (ФОТО)

Angela