EXCLUSIVE MK
Наука - новости ТЕХНОЛОГИЈА

Интересни суеверија за ѕвездите

Во деновите пред светот да биде поврзан со Интернетот, вестите, телефоните и радиото, луѓето се потпирале на нивното опкружување за да направат претпоставки за иднината што ќе им помогнат да донесуваат одлуки. Овде спаѓало слушање на природата и гледање кон ѕвездите за одговор. Многу суеверија поврзани со ѕвездите датираат од пред илјадници години. Некои се инспирирани од пагански обичаи, некои од древни религии, а има и некои „помодерни“. Од агрикултура до пловење, од љубов до среќа, изгледа дека ѕвездите отсекогаш биле опкружени со суеверија

1. Држете ги рацете до вас

Дали ви имаат кажано дека е неучтиво да покажувате кон некој со прст? Според едно суеверие, исто неучтиво е да покажете и кон ѕвездите. Легендата потекнува од древното верување дека ѕвездите се богови или други натприродни суштества кои ја надгледуваат Земјата од небото. Па, покажувањето кон ѕвезда значело покажување кон бог. Ова можело да го разгневи богот, да привлече несакано внимание или лоша среќа кон покажувачот и неговото семејство. Некои верувале дека овој гест може да му донесе и смрт на покажувачот.

2. Души што паѓаат

Познато верување е дека ако видите ѕвезда што паѓа, тоа значи добра среќа. Но според некои култури, паднатите ѕвезди се душите што биле ослободени од чистилиштето и конечно добиле можност да се искачат кон рајот. Во Британија и некои други места, ѕвездата што паѓа ја претставува душата на ново бебе кое доаѓа на Земјата. Како и да е, се верува дека ѕвездите што паѓаат имаат малку магија, а ова значи позитивна енергија и среќа за секој што ќе ги види.

3. Замислете си желба

Кога ќе се земе предвид магијата на ѕвездите што паѓаат, не е чудно што постојат повеќе суеверија за оваа појава. Додека некои веруваат дека гледањето во овие ѕвезди носи среќа, други веруваат дека ѕвездите што паѓаат се одлични за исполнување желби. Загрижени сте за вашиот празен паричник? Побарајте ѕвезда што паѓа, кажете го зборот „пари“ три пати пред ѕвездата да згасне и според легендата, наскоро ќе излезете од сиромаштијата.

4. Среќни ѕвезди

Според некои суеверија, одредени ѕвезди што паѓаат можат да имаат влијание на вашиот живот без да направите ништо, но видот на среќата зависи од нешто сосема случајно како нејзината положба на небото. Ако забележите падната ѕвезда десно од вас тоа значи среќа. Ѕвездата на левата страна претставува несреќа. Ако сте доволно брзи би можеле да ја промените вашата положба, а со тоа и вашата среќа.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Освен белите дробови вирусот го напаѓа и овој орган во човековото тело

Angela

Имате стар телефон? Еве како и каде да го рециклирате

Angela

„DS 7 Crossback“: Еве во што ќе се вози Макрон (видео)

Angela