EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА

Како да си ја зголемите желбата за секс?

Се прашувате каде е вашето либидо и зошто толку ретко посакувате да имате секс? Не сте сами, милиони жени низ светот поминуваат низ истото, прашувајќи се дали повторно ќе ја доживеат страста и желбата за секс како порано.

Причините за намаленото либидо кај жените се различни, од прекумерен стрес, депресија, примање на контрацептивни таблети, менопауза, па сè до недоволна комуникација и проблеми во врската. Намалената желба за секс многу повеќе ги измачува и фрустрира жените, затоа што ним им е потешко да доживеат сексуална возбуда. Сепак, постојат неколку работи кои можете да ги направите за да го зголемите своето либидо по природен пат.

Не чекајте научниците да создадат женска вијагра затоа што малку по малку се откажуваат од таа идеја. Преземете ги работите во свои раце.

Потсетете се на последниот пат. Издвојте си неколку минути од вашето време и во главата преживејте ги повторно моментите од некоја возбудлива сексуална средба со вашиот партнер, кога сте биле на седмото небо. Помислете на задоволството што сте го чувствувале и создајте си желба повторно да го доживеете истото. Тоа ќе го зголеми вашиот сексуален апетит.

Внесете сексапил во вашиот изглед. Фрлете ги широките тренерки и блузи и облечете нешто во кое ќе се чувствувате секси. Дури и да се излежувате пред телевизорот, внимавајте како изгледате. Кога излегувате со партнерот, облекувајте се така што тој не ќе може да ги тргне очите од вас. Ако знаете дека изгледате привлечно, така и ќе се чувствувате, а ќе знаете и дека сте посакувани.

„Зачинете“ ги работите. Бидете спонтани, правете неочекувани работи и не се плашете да пробате нешто ново. Монотонијата е ваш непријател. Направете нешто интересно:

Одете во хотел за викендот.

Спијте голи.

Купете црвен или црн комплет секси долна облека.

Пробајте нови пози.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

СОНУВАВТЕ ПАРИ? Тоа може да значи многу работи…

Angela

Кој е највалканиот дел од телото?

Angela

Ако сакате бањата секогаш добро да ви мириса, пробајте го овој трик

Angela