EXCLUSIVE MK
Автомобили ТЕХНОЛОГИЈА

Како ќе изгледа електричниот „Фиат Панда“ од Крагуевац?

Електричната Fiat Panda ќе се произведува во Крагуевац од 2024 година. Како би можел да изгледа новиот модел, на која класа ќе припаѓа и на која платформа ќе работи?

Fiat, односно групацијата Stellantis веќе некое време зборува за електричната верзија на малиот градски модел Fiat Panda. Токму поради ова, веќе има голем број концептуални решенија и демонстрации за тоа како би можел да изгледа новиот модел на струја.

Новиот компактен автомобил, кој допрва треба да биде именуван, ќе се произведува во фабриката во Крагуевац, како наследник на Fiat 500L.

Се очекува новата Panda да се базира на концептот Centoventi од 2019 година. Технолошки би требало да биде сличен на електричните модели од групацијата Stellantis – Peugeot e-208 и Opel Corsa.

По димензии би бил сличен на сегашната Panda, односно компактен градски модел. Дизајнот на новиот мал автомобил, кој ќе дебитира следната година, веќе е одобрен.

Ќе биде достапна хибридна и целосно електрична варијанта, а новиот Fiat ќе биде на сегашната CMP платформа бидејќи Stellantis нема да почне да ја користи новата STLA платформа за помали автомобили до 2026 година.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Како да го победите стресот на работа: Правилото „42%“ го крие одговорот

Angela

„Нетфликс“ најави реално шоу засновано на „Squid Game“

Angela

Интересни суеверија за ѕвездите

Angela