EXCLUSIVE MK
Астрологија ЗАБАВА НАСЛОВНА

Кои се најљубоморните хороскопски знаци?

Ниту еден човек не може да биде е целосно под контрола кога е љубомората во прашањр, но има некои луѓе кои се пољубоморни од другите.

Што велат астролозите на оваа тема, односно кои се најљубоморни меѓу хороскопските знаци?

Лав

Лавовите се неверојатно горди: ако се посомневаат во својот партнер, нема да се помират со таа состојба. За нив е многу важно да почувствуваат дека се единствени во животите на своите партнери. Иако имаат висока самодоверба, можат да се посомневаат и неосновано да го обвинат партнерот. Наклонети се кон натпреварување во пријателството и кариерата.

Скорпија

Тие се дефинитивно високо на листата на најљубоморни хороскопски знаци. Дури и безначаен комплимент кон некој друг може да се смета за предавство. Скорпиите се моногамни личности и бараат подеднаква посветеност од партнерите. Често избираат успешни и харизматични мажи, но можат да бидат љубоморни на нивните достигнувања, работни патувања и нивното отсуство. Од друга страна, нивната огнена природа ги привлекува другите, затоа што се бистри, страствени и емотивни.

Риби

Иако се чини дека го немаат истиот огнен темперамент како Лавовите и Скорпиите, тие се многу емотивни и чувствителни, но и непредвидливи, па љубомората може да се создаде од многу причини, понекогаш и неочекувани. Нивното расположение се менува брзо, знаат малку да претеруваат и да бидат сомничави. Тие не се секогаш целосно сигурни во себе, па секое отстапување на партнерите може да го толкуваат како неверство. Но, вниманието, нежноста и вистинските зборови лесно ќе им го вратат доброто расположение.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

СИТЕ ГЛЕДАА ВО НЕА, А МАЛКУМИНА ЗНААТ НИЗ КАКОВ ПЕКОЛ ПОМИНАЛА – животот не ја поштедил водителката на Евровизија (ФОТО)

Angela

МОН: Од 1ви до 31ви октомври втор рок за аплицирање за субвенциониран студентски оброк

Angela

ЖЕНСКИ ЗМЕЈ: Неда Украден во бикини нема конкуренција, ја отвори летната сезона – позираше во жешко издание, годините за неа се само бројка (ФОТО)

Angela