EXCLUSIVE MK
Uncategorized

Колку всушност го познавате партнерот? Пет прашања на кои треба да го знаете одговорот!

Постои период во врската кога мислите дека веќе сè знаете за вашиот партнер и тогаш полека врската влегува во рутина. Експертите велат дека треба да знаете одредени работи за вашиот партнер во кое било време од денот и ноќта.

Овие прашања можете да ги поставувате вкрстено еден на друг, сигурно ќе се забавувате и повторно ќе ги почувствувате ‘пеперутките’ во стомакот.

Какви се размислувањата на партнерот за бракот?

Можеби тоа е и главното прашање. Ако веќе долго сте во врска, на ова прашање треба да имате одговор. Ова е нешто кое сигурно нема да го прашате на првиот состанок, но со текот на времето ова станува една од најважните теми на секој пар.

Како изгледа неговото место од соништата?

Ова исто така е многу важно прашање. Ако гледиштата за тоа каде би сакале да живеете и да создавате семејство ви се разликуваат, тогаш е вистинско време да поразговарате.

Дали ја сака работата со која се занимава?

Стресот на работа лесно станува стрес дома. Таквата ситуација брзо ќе се пренесе на вашата врска и може лесно да се претвори во криза. Затоа, многу е важно да зборувате со партнерот за тоа дали е задоволен од својата работа.

Која му е омилена храна, а која не ја сака?

Истражувањата покажуваат дека паровите често се расправаат околу изборот на храна или околу тоа дали девојката му зготвила некое и не толку омилено јадење.

Неговата омилена песна е…?

Според експертите, музиката која ја слушате зборува многу за вашите специфични карактеристики. Ако знаете која песна му го поткрева расположението на партнерот, тоа само укажува дека ви е многу грижа за него.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

СЕ БОРЕЛ СО СТРАШЕН ПОРОК, А СЕГА ЦЕЛА ЕВРОПА ГО ДОЗНА – кој е Финецот на кого за влакно му побегна победата, а на сцената направи хаос

Angela

Принц Хари и Меган не се поканети на роденденската парада на Чарлс Трети: Односите сè постудени!

Angela

Уште еден скандал во најава – принцот Хари со нови обвинувања за својот брат

Angela