EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија

Колку изнесува бројот на милионери ширум светот?

Бројот на милионери ширум светот ја надмина границата од 20 милиони во текот на 2020 година, покажуваат новите, денеска објавени податоци на американската консултантска куќа „Капгемини“.

Бројката на оние чие богатство е вредно милион долари или повеќе, се зголемила за 6,3 отсто, на 20,8 милиони луѓе, и тоа во годината на светска пандемија на коронавирус. Вкупното богатство во сопственост на таа група луѓе пак, се зголемило за 7,6 отсто, на вкупно 80 трилиони долари.

Поголеми добивки биле остварени како резултат на повисоките пазарни вредности на акциите.

Земјите со најголем број богати луѓе се САД, Јапонија, Германија и Кина. Дури 63 отсто од светските милионери живеат во овие четири земји. Најбрз раст во 2020 година има кај супербогатите, оние со богатство од најмалку 30 милиони долари. Овој клуб лани пораснал за девет отсто.

Капгемини ги следи цените на акциите, сопственоста на обврзниците, алтернативните инвестиции, парите и нефинансиските средства при проценка на вкупната вредност. Исто така, се проверуваат и податоци од меѓународни организации како што е Светската банка, како и анкетни извештаи.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Земјотреси во Јадранското Море ја тресат и Хрватска

Angela

ЈСП: Студентите од државните факултети во Скопје имаат право на бесплатен билет

Angela

НИ ДОАЃА ЛАЗАРОВА САБОТА: Наберете го ова за во домот, но никако не правете една работа!

Angela