EXCLUSIVE MK
Економија НАСЛОВНА

Колку пониски сметки ќе добиваат граѓаните приклучени на парно

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои се намалува во просек за 4% крајната цена на испорачаната топлинска енергија кај трите компании на територијата на Град Скопје.

Скоро 56 илјади потрошувачи приклучени на Балкан Енерџи Груп или 93% од вкупниот конзум ќе добиваат сметки пониски за 4,35%. Нешто над 3 800 домаќинства кои се приклучени на ЕСМ Енергетика ќе добиваат незначително пониски сметки за 0,57%, додека потрошувачите кои се 501 на број и се приклучени на Скопје Север од 1 август ќе добиваат сметки пониски за 1,25 %.

„Граѓаните приклучени на парно ќе добиваат пониски сметки. Денешните донесени одлуки се показател дека начинот на кој ја пресметуваме цената на топлинската енергија ги штитат потрошувачите. Со одлуките праќаме сигнал што повеќе граѓани да се приклучат на мрежата за парно греење кое е најекономично и еколошко.  Во однос на работата на компаниите,  сакам да укажам дека со оглед на фактот дека БЕГ го има доминантниот дел од конзумот односно 93%, останатите снабдувачи Скопје Север и ЕСМ Енергетика да ги разгледаат можностите за системско надминување на предизвиците преку  заедничка соработка, се со цел да може да го зголемат бројот на потрошувачи и да се оптимизира производството на топлинска енергија.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Околу 60.000 потрошувачи се приклучени на централните  системи за греење на  трите компании  кои се во градот Скопје, што за една година претставува раст на конзумот од скоро 2 илјади нови потрошувачи.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

„Бомба“ од Франција: Се разведува еден од најпознатите парови во фудбалскиот свет

Angela

Подмладете го организмот со овој природен лек

Angela

КОГА СОПРУГА МУ ГО ПРОНАШЛА ОВА ВО ТЕЛЕФОНОТ СИ ГИ СОБРАЛА ПАРТАЛИТЕ – се разведе српскиот пејач Дарко Филиповиќ, причината ќе ве остави подзинати!

Angela