EXCLUSIVE MK
Автомобили НАСЛОВНА

Лада нива на струја, за пристојни пари (ФОТО)

Лада нива е меѓу најевтините теренци во Европа, а по повеќе од четири децении колку што е присутна на пазарот доби и електрична верзија.

Сепак, не го модифицира компанијата АвтоВАЗ погонскиот систем на нивата, туку малку познатата германска компанија Елантрие, поттикната од наглата експанзија на автомобилите на струја.

Поради тоа што рускиот бесмртен теренец е евтин, Германците не сакале премногу да го оптоварат буџетот на потенцијалните купувачи, па конверзијата е повеќе од прифатлива.

Наместо фабричкиот бензинец со 83 коњски сили (61 киловат) вграден е електромотор со 88 коњски сили (65 киловати).

Електричната енергија се чува во литиум-ионска батерија со капацитет од 30 киловат часови, која е поставена на местото на резервоарот за гориво.

Компанијата вели дека автомобилот со полна батерија може да помине меѓу 130 и 300 километри, во зависност од начинот на возење, теренот по кој се движи и временските услови.

Германците тврдат и дека батеријата по 450.000 поминати километри, или 9.000 циклуси на полнење, ќе задржи 80 отсто од почетниот капацитет.

Електричната нива и практични додатоци, како штекер од 220 волти во багажникот, која може да им послужу на камперите и авантуристите кои со оваа лада ќе излезат од асфатлтот.

Германската компанија докажува дека електричните автомобили не мора да бидат скапи, имајќи предвид дека конверзијата чини само околу 2.800 евра, доколку веќе поседувате нива, додека вкупната цена на возилото со вградени електричен погон е 19.900 евра.

Покрај рускиот теренец, германската компанија нуди иста конверзија и за претходната генерација на дачија сандеро.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Сакате среќна и стабилна врска? Мажи, применете ги овие 5 совети и уживајте

Angela

Неуромедика доби две награди на Balkan Medical Awards 2022

Angela

Облачно и посвежо време со југоисточен ветер

Angela