EXCLUSIVE MK
Медицина

Летни овошја кои го закрепнуваат организмот

Без многу дилема, овошјето покрај зеленчукот е најпожелната храна на трпезата во текот на летната сезона бидејќи е богато со антиоксиданти, витамини и минерали.

Здружени, тие помагаат да се ослободиме од вишокот килограми, но и од токсините наталожени во организмот во текот на зимата. Секако, како и со сè друго, потребно е да ја пронајдете вистинската мера бидејќи во спротивно, шеќерите кои се наоѓаат во составот на овие намирници можат да предизвикаат спротивен ефект.

Едно од решенијата може да биде комбинирање на свежо овошје со јаткасти плодови или со суво овошје кое е преполно со влакна, протеини и масти кои спречуваат прекумерна апсорпција на шеќерот, а и го задржуваат чувството на ситост.

Еве кое свежо овошје е најдобар избор овие месеци:

Лубеница за циркулација

Освежувачка и одлична за одржување на линијата, лубеницата им се препорачува на оние кои сакаат да се ослободат од вишокот течности и токсини. Богата е со минерали како калиум, а не треба да се заборави ниту витаминот Ц кој таа го содржи.

Праски за подобро варење

100 грама праски содржат само 30 калории, а нивните влакна го подобруваат варењето. Исто така тука е и витаминот Е кој е важен за циркулацијата.

Јагоди против токсини

Полифенолите ја поттикнуваат работата на црниот дроб, но и елиминацијата на токсини и масни наслаги. Покрај тоа, поволно делуваат на системот за варење и излачување.

Кајсии за сузбивање на целулитот

Ова овошје содржи витамини од групата Б, пред сè Б2 и Б3 кои учествуваат во метаболичките процеси. Редовното консумирање на кајсии го сузбиваат целулитот бидејќи во составот имаат и витамин Ц.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Раното будење носи ризик од болести, грижете се за својот сон

Angela

На природен начин прочисте ја крвта, со едно овошје

Angela

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Angela