EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА НАСЛОВНА

Мажите имаат повеќе корист од бракот отколку жените?

На кого бракот му носи повеќе добро – на мажот или жената?

Експертот за бихевиористичка наука и експерт за среќа Пол Долан верува дека слободните жени без деца се посреќни од било кој друг.

„Бракот има корист за менталното и физичкото здравје на мажите повеќе отколку на жените. Мажите во брак усвојуваат помалку ризичен, поздрав начин на живот и стануваат поефикасни на работа. Омажените жени, од друга страна, барем средовечните, се изложени на поголем ризик од ментални и физички нарушувања отколку нивните невенчани врснички“, смета Пол.
Исто така, овој експерт редовно ги презентира своите ставови на предавања низ целиот свет, а пред извесно време на едно такво предавање изјави:

„Ако сте маж, најверојатно треба да се венчате; ако сте жена, не грижете се“, им рекол тој на присутните.

Долан, исто така, рекол дека „желбата да се смират и да основаат семејство може да има негативно влијание врз благосостојбата на жените. Меѓутоа, ова е спротивно за мажите, бидејќи тие имаат корист од бракот бидејќи тогаш постои можност тие да се смират и да преземаат помал ризик. Најздравата и најсреќната подгрупа на населението се жените кои никогаш не се омажиле или немале деца“, рече тој.

Слично мислење има и Емили Гранди, професорка на Универзитетот во Есекс. Таа верува дека мажените жени се преоптоварени со домашни работи, обврски околу децата и куќата и често го „влечат“ емоционалниот товар.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

На 29 ноември доаѓа новиот X8 модел на BMW, заедно со „М“ верзијата на хибриден погон

Angela

Да пиете кафе веднаш штом станете не е добро: Слушнете важно предупредување на лекарите

Angela

Пламените јазици од Пехчево се шират во правец на Бугарија

Angela