EXCLUSIVE MK
Кошарка НАСЛОВНА

Македонската женска репрезентација од последнит „шешир“ ги чека протвниците за ЕП 2023

Вкупно 38 национални тимови во женска сениорска конкуренција ќе бидат дел од ждрепката на натпреварувачките групи која ќе се одржи на 20. август во Минхен.

Меѓу нив ќе биде и националната сениорска репрезентација на Македонија, која согласно со рејтингот на ФИБА, ќе го дочека формирањето на натпреварувачките групи од осмиот, според квалитет „шешир“.

Со оглед на бројот на пријавени селекции, натпреварувањето, односно квалификациите за пласман на наредниот женски Евробаскет во 2023 година, ќе се одвива во десет натпреварувачки групи.

Осум од нив ќе бидат составени од по четири учесници, а две со по три партиципанти. Двете земји, односно селекции кои се домаќини на Европското првенство, Словенија и Израел, исто така ќе бидат дел од квалификациите.

Најдобрите десет селекции во групната, квалификациска фаза, како и четирите најдобри кои ќе завршат како второпласирани, ќе обезбедат учество на завршниот турнир – Евробаскетот.

Ако во тие 14. селекции се двете кои се во улога на домаќини, тогаш правото за настап го добиваат наредните со најдобар скор од второпласираните национални селекции.

Инаку квалификациите ќе се одвиваат во три т.н. ФИБА „прозорци“. Првиот е од 11. до 14. ноември, 2021 година. Следниот во периодот 24-27. ноември, 2022 година, а последниот од 24. до 27. февруари 2023 година.

НОСИТЕЛ 1: Шпанија; Франција; Белгија; Србија; Турција

НОСИТЕЛ 2: Белорусија; Русија; Италија; Грција; Шведска

НОСИТЕЛ 3: Црна Гора; Велика Британија; Чешка; Словачка; Летонија

НОСИТЕЛ 4: Словенија; Украина; Босна и Херцеговина; Унгарија; Хрватска

НОСИТЕЛ 5: Литванија; Полска; Германија; Бугарија; Романија

НОСИТЕЛ 6: Холандија; Израел; Португалија; Луксембург; Данска

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Сексуално активните луѓе со над 50 години имаат подобро помнење

Angela

И жените гледаат порно, еве во што најмногу уживаат

Angela

Локални избори: Неделава пристигнуваат првите 250 апарати за отпечатоци од прсти

Angela